Средба на градоначалникот Христоски со заменик амбасадорот на Швајцарија, Агертер

Средба на градоначалникот Христоски со заменик амбасадорот на Швајцарија, Агертер

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, одржа средба со заменик амбасадорот на Швајцарија, Лусиен Агертер, со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, како и со повеќемина туристички работници.

На средбата се разговараше за развојот на туризмот во Крушево и за тоа што Општината може да им понуди на потенцијалните туристи.

„Општина Крушево забележува плодна соработка со амбасадата на Швајцарија во поглед на туризмот. Поддршката која ја добиваме е поддржана и од Агенцијата за туризам и евидентно е дека на тој начин реализиравме многу проекти. Но, Крушево има уште многу неискористен потенцијал и затоа продолжуваме да вложуваме во овој сектор“, изјави градоначалникот Христоски.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …