Општина Прилеп го распиша конкурсот за доделување на Третоноемвриските награди
DCIM100MEDIADJI_0019.JPG

Општина Прилеп го распиша конкурсот за доделување на Третоноемвриските награди

По повод одбележувањето на празникот на општина Прилеп, 3 Ноември, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, традиционално секоја година доделува општински награди и признанија „3 Ноември”, како и награда за животно дело.

Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот.

Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти.

Поради новонастаната состојба со КОРОНАВИРУСОТ (COVID -19), предлозите се доставуваат по пошта со назнака до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Прилеп, на адреса ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1 Прилеп, почнувајќи од денес, 30.09.2020 година, до 24.10.2020 година.

Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во општината во соодветната област, за периодот од 3 ноември 2019 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …