Средби на градоначалникот Илија Јованоски со жителите на урбаните и месните заедници од општина Прилеп
DCIM100MEDIADJI_0019.JPG

Средби на градоначалникот Илија Јованоски со жителите на урбаните и месните заедници од општина Прилеп

Во пресрет на изработката и носењето на општинскиот буџет за 2021 година, градоначалникот Илија Јованоски ќе одржи средби со граѓаните од сите урбани и месни заедници од општина Прилеп.

На средбите на кои ќе присуствуваат и претставници на локалната самоуправа, членови на Советот на општина Прилеп, директори на јавните комунални претпријатија, раководители на подрачни единици на државни институции, ќе се разговара за реализираните проекти во тековната година, како и за проблемите и потребите на секоја урбана и месна заедница, кои се од приоритетна важност за следната 2021 година.

Утре, среда 21 октомври со почеток во 19:00 часот во ЦК „Марко Цепенков“, ќе се одржи првата таква средба со жителите на УЗ „Центар“.

Во петок, 23 октомври, во Домот „Спиро Забрчанец“ ќе се одржат две средби. Првата со почеток во 18:00 часот со жителите на УЗ „Варошко маало“, а во 19:00 часот со жителите на УЗ „Бончејца“.

Термините за средби со жителите на другите урбани и месни заедници, ќе бидат дополнително утврдени и за нив граѓаните ќе бидат навремено информирани.

Сите средби ќе бидат организирани со почитување на мерките и препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, за заштита од Ковид-19.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …