Земјотресот утринава најсилно почувствуван во Гостивар и Маврово

Земјотресот утринава најсилно почувствуван во Гостивар и Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, рано утринава во 04 часот и 54 минути, регистрирала земјотрес чиј што епицентар се наоѓа 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Земјотресот бил со локална магнитуда од пет степени според Рихтер и најсилно бил почувствуван во Гостивар и Маврово, а потоа во Тетово и Гостивар.

Информации за причинета материјална штета, засега нема.

Според информациите кои се споделуваат на социјалните мрежи, покрај граѓаните вознемирени биле и животните во Зоолошка градина.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …