Марко Михаилоски е избран за нов претседател на СДММ

Марко Михаилоски е избран за нов претседател на СДММ

Соопштение за јавност на СДСМ:

Социјалдемократската младина на Македонија денеска ја одржа 23. Конференција, дигитално, почитувајќи ги целосно протоколите за заштита од коронавирусот.

На Конференцијата, која за нов претседател на СДММ, едногласно беше избран Марко Михаилоски, досегашен член на ИО на СДММ и долгогодишен член на СДСМ.

На Конференцијата, покрај изборот на претседател беа избрани и членови на Надзорниот и Централниот одбор на СДММ.

СДСМ постојано се менува но СДСМ постојано се грижи за младите, ги вклучува во реализација на успешни младински политики и затоа ја има поддршката од граѓаните, од младите. Во периодот што следува, СДММ продолжува да биде важен дел од СДСМ, креатор на квалитетни младински политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

„Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни …