СДСМ: Штип е во сигурни раце, освоените речиси 12.000 гласови се потврда за нашите успешни политики

СДСМ: Штип е во сигурни раце, освоените речиси 12.000 гласови се потврда за нашите успешни политики

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Штипјани дoкажаа дека знаат да ја препознаат вистинската вредност.

На фер, слободни, демократски и пред се здравствено безбедни избори за градоначалник, граѓаните на Штип му ја дадоа довербата на кандидатот на СДСМ д-р Сашко Николов и јасно покажаа дека се за напредок и развој, за грижа и поддршка за сите.

Штипјани кажаа ДА за решенија, одговорност и просперитет и НЕ за опасност и нестабилност.

Со освоени речиси 12 илјади гласа, СДСМ доби повеќе гласови од предвремените парламентарни избори пред 4 месеци.

Токму ова е потврда за сите наши политики, потврда за квалитетот на кандидатот кој од Штип ќе направи дом еднаков за сите граѓани.

Почитувани,

Народот ги порази сите блокади, бојкоти, хистерии и деструкции на Мицкоски.

Народот јасно кажа дека не сака кочење и блокади, сака напредок.

ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, немаа храброст да се соочат со противкандидат, да се соочат со граѓаните на Штип и кукавички без да учествуаат на овие избори правеа опструкции со цел да наштетат на процесот, но не им успеа!

Штипјани решително гласаа за концептот кој оди по европскиот пат и ја поразија деструктивноста на ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните на Штип испратија јасна порака и до бојкотирачот Мицкоски, граѓаните го казнија неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, избраа грижа, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Без притисоци, уцени или закани како во некое режимско време, граѓаните застанаа зад чесната понуда и програма на СДСМ и д-р Сашко Николов.

Политиките на СДСМ, со проекти, капитални инвестиции, грижата за граѓаните, направија пресврт во Истокот на државата, кој е веќе бастион на социјалдемократијата.

Ова е уште еден пораз за ВМРО-ДПМНЕ, за деструктивноста на опозицијата, која нема став за ниту едно клучно прашање.

Граѓаните избраа демократија, развој, напредок со СДСМ, Мицкоски останува сам на браникот на криминалот.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …