Во Крушево одбележан 25 јануари, денот на раѓање на Тоше

Во Крушево одбележан 25 јануари, денот на раѓање на Тоше

Со полагање цвеќе на неговото вечно почивалиште, денеска Крушево го одбележа денот на раѓање на Тоше, 25 јануари.

„Одбележуваме уште еден роденден без Тоше, но тој е денес присутен во сите нас. Тоше има само датум на раѓање, а наша обврска е да продолжиме да правиме добри дела, да организираме настани во негова чест и да го почитуваме. Така споменот за него вечно ќе живее“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Покрај Општина Крушево, цвеќе на гробот на Тоше положија и неколку други институции и здруженија, а фановите на Тоше со свои активности го одбележуваат овој ден.

Во рамки на одбележувањето на роденденот на Тоше, ОО на Црвениот Крст од Крушево спроведе крводарителска акција. Помалиот број на активности и настани се во насока на зачувување на јавното здравје и примена на мерките  и препораките за заштита од коронавирус.

Прочитајте повеќе

Наградата за слобода на говор на ДВ за Јулија Навалнаја

Наградата за слобода на говор на ДВ за Јулија Навалнаја

Јулија Навалнаја ја продолжува работата на својот сопруг, рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина во …