СДСМ

СДСМ: Дезинформаторот Милошоски фатен во нова лага, Мицкоски не успеа да го сокрие

„Наместо да излезе и да одговори какви пресуди и за какви дела добил во Германија во 2004 и во 2005 година, кусо време пред да стане министер, главниот дезинформатор во во ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, се обиде да се сокрие зад социјалните мрежи“, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека според информациите, но и документите објавени во медиумите, судот во градот Ахен пресудил дека Милошоски сторил кривично дело и затоа бил осуден и казнет.

„Милошоски е фатен во нова лага. За овој голем домашен, но и меѓународен срам, тој, но и неговиот шеф Христијан Мицкоски имаат обврска да излезат пред граѓаните. Тоа што Мицкоски го покрива Милошоски, говори дека и тој е на страната на лагата, срамот и криминалот“, се додава во соопштението на СДСМ.

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …