Кузеска: Достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски

Кузеска: Достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски.

Како што доликува на земја членка на НАТО со почнати преговори со ЕУ.

Контатирани се одредени неправилности, но сметаме дека тие се незначителни.

Граѓаните можеа слободно да ја искажат својата волја и одлучат за иднината на земјата.

Правото на глас и слободно одлучување се најзначајни придобвки на демократијата.

Благодарност до сите граѓани коишто денеска излегоа на изборите и гласаа.

Граѓаните покажаа демократски капацитет а институциите зрелост и имавме слободни, демократски мирни и достоинствени избори.

Особена благодарност изразуваме за граѓаните кои го дадоа својот глас за СДСМ, Коалицијата за европска иднина и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Граѓанската волја ќе одлучи по кој колосек ќе се движи Македонија понатаму.

Во очекување сме на првичните изборни резултати по што дополнително ќе излеземе со став.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …