Зеленски: Русија почна масовен ракетен напад врз Украина

Зеленски: Русија почна масовен ракетен напад врз Украина

„На Денот на сеќавањето и победата над нацизмот во Втората светска војна, нацистичкиот Путин изврши масовен ракетен напад врз Украина“, напиша утринава украинскиот претседател Володомир Зеленски на мрежата Х.

Според Зеленски, над 50 ракети и повеќе од 20 беспилотни летала Шахед утринава ја гаѓаа инфраструктурата во областите Лавов, Виница, Киев, Полтава, Кировохрад, Запорожје и Ивано-Франковск.

„Сите неопходни служби веќе работат на ублажување на последиците од рускиот терор“, додаде тој.

„Цел свет мора да разбере кој е кој. Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“, напиша Зеленски на мрежата Х.

Украина во последно време е под засилен бран на ракетни напади од руските сили. Русија ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Маѓар го повика Орбан да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Украина пред да ја напушти функцијата

Маѓар го повика Орбан да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Украина пред да ја напушти функцијата

Петер Маѓар, победникот на унгарските избори и новиот премиер на земјата, го повика Виктор Орбан …