Заев: До крајот на март вакцини од Ковакс, има понуда и од АстраЗенека

Заев: До крајот на март вакцини од Ковакс, има понуда и од АстраЗенека

Стигна и од Ковакс механизмот информацијата дека ќе испочитуваат до крајот на првиот квартал, тоа значи до крајот на месец март да стигнат првите количини, веројатно меѓу 20-30 илјади вакцини, информираше денеска премиерот Зоран Заев.

„Во март месец ќе почне масовната вакцинација. Покрај здравствените работници, нормално тука се возрасните граѓани, па оние со хронични болести. Секој ден се носи некоја нова информација. Знаете дека се уште очкуваме од Кина, каде што дури плативме аванс, па повлековме аванс, се со цел да потврди Министерството за надворешни работи дека е во ред“, изјави премиерот.

Според него, има и нови понуди на производителот на вакцини против ковид АстраЗенека.

„Денеска имам разговор со британски претставници од највисоко ново, да видиме дали може за 7 до 10 дена и тие да стигнат заради тоа што се работи за ервропска, квалитетна вакцина, така што верувам дека за многу брзо време оваа, со право, летаргија, која што се јавува во општеството, да биде отклонета и да продолжи процесот на вакцинација“, кажа Заев.

Вчера од Фајзер пристигна договорот за испорака на вакцини против ковид-19, според кој овој производител се обврзува на Македонија во 2021 да ѝ испорача околу 800 илјади вакцини во 4 етапи, од кои првата етапа од 21 илјада до крајот на март.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …