Маричиќ

Маричиќ во Брисел на средби со еврокомесари и европратеници

Министерот за правда Бојан Маричиќ од денес престојува во неколку дневна работна посета на Брисел. Предвидени се средби со еврокомесари и европратеници на кои ќе се разговара за реформските процеси во земјава, европските реформи со фокус на оние во ресорот правда.

За време на посетата предвидено е Маричиќ да се сретне со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова, европратениците Андреас Шидер, Тања Фајон, Јуан Фернандо, Желјана Зовко, Катарина Барли, Ирена Јовева и Владимир Биличиќ. Дополнително предвидена е средба со известителот во Европскиот парламент за Северна Македонија Илхан Ќучук.

Министерот за правда Маричиќ во Брисел ќе учествува и на видео настан во организација на Центарот за европска политика (ЕПЦ) каде ќе зборува за европските перспективи на Северна Македонија и владеењето на правото.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …