Средба на премиерот Заев со европскиот амбасадор Гир: Поддршка од ЕУ за развојните и интеграциските процеси

Средба на премиерот Заев со европскиот амбасадор Гир: Поддршка од ЕУ за развојните и интеграциските процеси

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Дејвид Гир, амбасадор и шеф на делегацијата на ЕУ во нашата држава.

На состанокот e изразена поддршка за развојните и интеграциските процеси на нашата држава, со фокус кон натамошен напредок во реформските процеси и на политиките на дијалог во насока на граѓанските интереси и на државните стратешки цели.

Посебен акцент е ставен на активностите што се преземаат за неселективна борба против криминалот и корупцијата, на владеењето на правото, за ефикасно правосудство, слобода на медиумите, функционалност на институциите.

Заеднички е заклучено и дека е потребно висока свест од сите политички субјекти за функционален Парламент, во полза на потребите на граѓаните и на спроведувањето на европската агенда.

„Покажавме дека нема недопирливи кога се работи за владеењето на правото и во таа насока ќе продолжиме да ги мотивираме да работат сите надлежни институции и органи. Цврсто сме фокусирани на борбата против организираниот криминал и корупцијата и во соработка со нашите меѓународни партнери. Посветени сме на инклузивно работење со сите политички субјекти и општествени чинители. Се грижиме за здравјето и егзистенцијата на граѓаните и фирмите. Зголемен е бројот на странски инвестиции во земјава. И, со сите овие чекори што ги правиме, очекуваме економскиот развој да продолжи, имплементација на европските вредности дома, но и исчекор во европските интеграции“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев упати благодарност до еврокомесарот Вархеј, за неговите големи заложби за финансиска помош и за распределба на вакцините и кон земјите од Западен Балкан, како дел од заедничките напори за справувањето со последиците од пандемијата.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …