„Ретвитни оброк“ по третпат во Кабинетот на претседателот

„Ретвитни оброк“ по третпат во Кабинетот на претседателот

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со сопругата, Елизабета Ѓоргиевска и членови на Кабинетот денеска подготвуваа храна за бездомни и социјално загрозени лица, како поддршка на долгогодишната активност на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“.

Ова е трета по ред заедничка активност на Кабинетот на претседателот и „Ретвитни оброк“, при што досега се подготвени 300 оброци. За денешната подготовка на топли оброци за првпат е обезбедена донација од намирници, а согласно претстојните Велигденски празници, менито вклучува посна храна.

Поздравувајќи ги досегашните активности на „Ретвитни оброк“, претседателот Пендаровски посочи дека споделување на грижа за најранливите категории на граѓани  е особено важно во овој тежок период на пандемија, кога многу наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални проблеми.

Сопругата на претседателот истакна дека е значајно одржувањето на континуитетот во заедничката активност, особено поради зголемената потреба од солидарни оброци предизвикана од здравствената и економска криза наметната од пандемијата, при што изрази надеж за поголема вклученост на што повеќе лица и донатори во оваа хуманитарна акција.

Граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк“ заедно со здружението „Вистински дела на љубезност“ веќе шест години помагаат на социјално загрозени лица. Двете организации беа дел и од хуманитарната акција иницирана од Кабинетот на претседателот Пендаровски „Волонтираме за солидарно општество“.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …