Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска во посета на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје

Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска во посета на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска по повод месецот посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам, денеска беше во посета на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје.

Денешната посета е со цел  запознавање со работата и предизвиците со кои се соочува оваа установа и е во знак на поддршка на  лицата со аутистичен спектар на нарушувања.

За време на посетата, директорката на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје, др. сци. Силвана Филипова, ја запозна сопругата на претседателот со работата на заводот, при што беа посетени логопедскиот кабинет, кабинетот за аудуометрија, кабинетот за рана говорно-јазичка интервенција и сурдолошкиот кабинет. Ѓоргиевска, исто така, го посети и одделот за рехабилитација на деца со потешки развојни нарушувања, деца со аутистичен спектар на нарушувања и деца со сензорни дисфункции.

„Подигнувањето на свеста на јавноста за аутизмот е многу значајна за раната дијагностика и раната интервенција кај лицата со аутистичен спектар на нарушувања. Со нашата поддршка може да придонесеме во подобрувањето на квалитетот на живот и поголемата инклузивност на овие лица, претежно деца“, истакна Ѓоргиевска.

ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје е специјализирана и акредитирана здравствена установа во која се врши детекција, дијагностика, рана интервенција и третман на сите видови на патологија во вербалната комуникација кај деца и возрасни. Во моментов во оваа установа рехабилитациски третман посетуваат вкупно 56 деца со аутистичен спектар на нарушувања и деца со сензорни дисфункции.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …