Владата ќе ја одржи 81 седница

Владата ќе ја одржи 81 седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, ќе ја одржи редовната 81 седница, на која според дневниот ред ќе бидат разгледани повеќе точки од владината програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според Дневниот ред, на денешната седница ќе се разгледуваат повеќе информации за проекти за унапредување на младинските политики меѓу кои Информацијата за Проектот „Дигитализирање на европската младинска картичка“, Информацијата за степенот на реализација на Законот за младинско учество и младински политики, како и Информацијата за формирање на Совет за млади и спорт, предложени од Агенцијата за млади и спорт.

Пред министрите на разгледување, на денешната редовна седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика ќе се најде и Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година, поднесена од Министерството за труд и социјална политика.

Седницата на Владата започнува во 13:00 часот.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …