Николовски, Спасовски и Маричиќ на конференција по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“

Николовски, Спасовски и Маричиќ на конференција по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“

Во рамки на регионалниот форум организиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) во партнерство со Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција (РАИ) и во соработка со Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за внатрешни работи и Кабинетот на заменикот на Претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, човечки ресурси и одржлив развој, денеска во Охрид ќе се одржи конференција по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“.

На отворањето на конференцијата, свои обраќања ќе имаат заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски,  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  министерот за правда Бојан Маричиќ, Шемши Салаи член на Државната  Комисија за спречување на корупција, Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство, Анке Холштајн, амбасадорка на Германија, Aлександре Шмит, регионален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC) и Десислава Гоцкова, шефица на Секретаријатот, Регионална иницијатива против корупција (RAI).

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …