Во Маврово се одржува дводневниот параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021“

Во Маврово се одржува дводневниот параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021“

Денеска и утре во Маврово се одржува традиционалниот параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021″.

Оваа година натпреварот има поголемо значење бидејќи е дел од Евро Куп серијалот, кој се одржува на 5 локации во светот, вклучувајќи го и Маврово.

На терените кај жичарите прецизно ќе слетуваат пилоти на параглајдер од Балканот и Европа. Маврово е особено привлечно за параглајдери поради прекрасниот пејсаж над Мавровско езеро.

Организатор на настанот се параглајдинг клуб „Кондор“ од Гостивар и Воздухопловната Федерација на Македонија. Овој настан доби поддршка и од Агенцијата за млади и спорт.

Еден од организаторите на настанот, Ментор Саити, вели дека натпреварот е можност да се ужива во техниката на параглајдеристите кои ќе се борат што попрецизно да слетаат во целта и дека е многу важна поддршката која организаторот ја добил од Воздухопловната Федерација и од Агенцијата за млади и спорт.

Генералната секретарка на Воздухопловната Федерација, Билјана Еверет, истакнува дека особен предизвик и за организација на натпреварот претставува учеството на натпреварувачи од странство, а посетителите ќе можат да уживаат и во планинскиот воздух.

Овој викенд е значаен и од еден друг аспект. Имено, за прв пат во историјата на воздухопловството, денеска во Маврово ќе биде формирана првата Комисија за жени во овој спорт.

Формирањето на комисијата е реализирано со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Владата на РСМ. Во комисијата ќе членуваат натпреварувачки од различни спортови: падобранство, параглајдинг, моделарство, авијатика, едриличарство, кои ќе се ангажираат за доброто на жените во спортот.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …