Свадби ќе се организираат и во затворен простор до максиумум 250 гости, одлучи Владата

Свадби ќе се организираат и во затворен простор до максиумум 250 гости, одлучи Владата

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

На предлог на Комисијата за заразни болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …