СДСМ

СДСМ Прилеп: Во време на ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп безмалку го загуби епитетот „најспортски град во државата“

Соопштение за јавност

 

Почитувани,

Во периодот на 12 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп безмалку го загуби епитетот „најспортски град во државата“.

Времето кога парите од граѓаните, наместо за инвестиции во спортот, спортската инфраструктура и спортските клубови, завршуваа во рацете на локалните моќници од криминалното здружување наречено ВМРО-ДПМНЕ, никогаш нема да се повтори.

Власта на СДСМ, предводена од градоначалникот Илија Јованоски на локално и премиерот Зоран Заев на централно ниво, на дело ја покажува својата грижа за развојот на спортот.

Рунираниот градски стадион „Гоце Делчев“, кој позади себе го остави ВМРО-ДПМНЕ, денес е целосно реконструиран и претворен во современа и модерна фудбалска арена, која претставува вистинска спортска гордост на фудбалски Прилеп.

Кај Вештачкото езеро изграден е нов спортско-рекреативен центар, еден од најдобрите во државата, а во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ за прв пат се гради спортска сала за потребите на учениците.

Целосно е подготвена документацијата за изградбата на покриениот базен во населбата „Точила“, чија изградба стартува наесен.

Дополнително, во изминатите триипол години, на најтранспарентен начин, преку јавни повици, Општина Прилеп им додели над 26 милиони денари финансиска поддршка на спортските клубови во општината.

Заради сето ова, СДСМ ја добива и ќе продолжи да ја добива поддршката од граѓаните и спортската во јавност во Прилеп, а на следните локални избори ќе потврдат дека сме партијата која го носи најдоброто за нашата општина.

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот

Позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите, се потврдија со тоа што Северна Македонија …