Пет дена пред почетокот на Олимписките игри, двајца атлетичари во Токио позитивни на ковид-19

Пет дена пред почетокот на Олимписките игри, двајца атлетичари во Токио позитивни на ковид-19

Олимпиското село во Токио ги доби двата позитивни случаи на ковид-19 на пет дена пред официјалниот почеток на Летните олимписки игри. Станува збор за двајца атлетичари кои се од идентичен национален тим, додека другите спортисти од тимот се изолирани во собите на селото, јавува Би-би-си.

Организаторите на Олимписките игри во Токио денеска информираа дека вкупно 10 нови случаи на ковид-19 се регистрирани меѓу целокупниот персонал што е вклучен во организацијата на најголемиот спортски настан во светот, вклучувајќи и медиумски работници.

Претседателот на Летните олимписки игри во Токио, Сеико Хашимото рече дека разбира оти атлетичарите кои доаѓаат на игрите се многу загрижени, додавајќи дека јапонските власти прават сè за да превенираат појава на нови случаи на ковид-19, а доколку се појават кластери, тие имаат план во случај да е потребен одговор.

Инаку, Летните олимписки игри во Токио требаше да се одржат минатото лето, но за првпат во својата историја мораше да се одложат поради епидемија. Отворањето на најзначајниот спортски настан на Земјината топка ќе биде на 23 јули.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …