Седниците на Совет на општина Крушево ќе се пренесуваат во живо на Фејсбук и Јутјуб

Седниците на Совет на општина Крушево ќе се пренесуваат во живо на Фејсбук и Јутјуб

Започна опремувањето на просторијата на Советот на општина Крушево со опрема која ќе овозможи пренесување на седниците во живо на „Фејсбук“ и „Јутјуб“. Се очекува веќе од наредниот месец седниците на општинскиот Совет да се одржуваат во просторија во горната училишна зграда и да се пренесуваат во живо.

„Конечно дојдовме до имплементација на иновативната алатка за пренесување на седниците на Советот во живо и со тоа го подигнуваме нивото на транспарентност на Советот. Граѓаните ќе имаат можност да ги следат седниците во живо, да ги прегледуваат по завршувањето и со тоа одблиску да се запознаат со нашата работа. Се заблагодарувам на Швајцарската агенција за развој и соработка, УНДП како имплементатор и на сите советници кои зедоа учество во проектот. Работата на Советот станува поотворена, а советниците се’ поблиски до граѓаните“, изјави претседателот на Советот на општина Крушево, Тома Петроски.

Во рамки на овој проект, советниците посетуваа обуки за градење на капацитетите и се здобија со знаења за подобро и поефикасно извршување на обврските.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …