СДСМ Прилеп: Инвестирајќи во нова спортска инфраструктура, инвестираме во најдоброто за младите

СДСМ Прилеп: Инвестирајќи во нова спортска инфраструктура, инвестираме во најдоброто за младите

Мартина Стојкоска – портпарол на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани,

Интензивните градежни активности за новата спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, се уште една потврда дека локалната власт предводена од СДСМ и градоналникот Илија Јованоски, си стои на дадениот збор.

Во моментов со забрзано темпо се работи на изградбата на делот од спортската сала каде ќе се наоѓаат соблекувалните, кабинетите и тоалетите.

Наскоро следува поставувањето на челичната конструкција и опремување на спортската сала со сите неопходни реквизити за квалитетна настава по физичко и здравствено образование на учениците.

Новата мултифункционална, енергетски ефикасна училишна спортска сала, ќе биде погодна за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг и гимнастика.

Со големо задоволство можеме да истакнеме дека во новата учебна година, наместо во импровизирана училница, учениците од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ ќе одржуваат настава по физичко образование во современ спортски објект.

Стекнувањето на здрави животни навики уште во рана возраст, е од особена важност за иднината на учениците и затоа власта предводена од СДСМ инвестира во нови спортски објекти.

Инвестирајќи во нова спортска инфраструктура, инвестираме во она што е најдобро за младите и најдобро за нашата општина.

Прочитајте повеќе

Филипче Радовиш

Филипче од Радовиш: Не смееме да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да нè враќа назад

Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да …