Борел: Бугарија треба да биде пофлексибилна во однос на проширувањето на ЕУ на Западен Балкан

Борел: Бугарија треба да биде пофлексибилна во однос на проширувањето на ЕУ на Западен Балкан

Високиот претставник за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел денеска изјави дека Бугарија треба да биде пофлексибилна во однос на проширувањето на ЕУ на Западен Балкан. Бугарија е против Северна Македонија, веќе членка на НАТО, да се приклучи на ЕУ поради спор околу јазикот. „Мислам дека Бугарија треба да покаже поголема флексибилност за овој проблем што го блокира почетокот на преговорите“, рече Борел на настан во Мадрид.

Претходно оваа недела, 27 -те лидери на Европската унија им ветија идно членство на своите шест балкански соседи, повторувајќи го ветувањето дадено пред 18 години, но тие ги отфрлија повиците за постигнување на таа цел до 2030 година, стравувајќи од повратна реакција во нивните земји поради миграцијата.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …