СДСМ

СДСМ: Мицкоски призна дека оставката на членот на комисијата е негово дело, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги поткопува државните интереси

Соопштение за јавност на СДСМ

Мицкоски вчера доживеа нов дебакл, бидејќи случајно или не призна дека оставката на членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев е негово дело и по негова инструкција.

Фактот дека Мицкоски ги повикува и останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка е потврда дека Мицкоски прави обиди да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши нашите односи со Република Бугарија.

И покрај тоа што лажните вести на Ѓорѓиев за наводни притисоци врз работата беа демантирани, тоа не го спречува Мицкоски во неговите лаги и деструкции.

Граѓаните одамна го прочитаа ваквото неодговорно, антинародно и антидржавно однесување на Мицкоски, затоа одново ќе биде казнет од граѓаните.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Премногу длабоки се лузните од ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните да му простат

Битиќи: Премногу длабоки се лузните од ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните да му простат

„Не може да го заборавиме 27 април, 2017 година, кога државата беше доведена на раб …