Поради рехабилитација на пистата, скопскиот аеродром ќе работи од 17:30 до 9 часот наутро од март до мај 2022

Поради рехабилитација на пистата, скопскиот аеродром ќе работи од 17:30 до 9 часот наутро од март до мај 2022

Пистата на Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде подложена на рехабилитација во времетраење од 50 дена, од крајот на март до средината на мај следната година, но тоа нема да значи и затворање на скопскиот аеродром, соопшти операторот на аеродромот, компанијата ТАВ Македонија.

Во периодот од 28 март до 16 мај 2022 година, на пистата ќе се работи секојдневно од 9 до 17.30 часот, а авионскиот сообраќај со слетувања и полетувања кон сите дестинации од редот на летање ќе се одвива од 17.30 до 9 часот наутро.

Од ТАВ Македонија информираат дека ова ќе подразбира измени во редот на летање кон некои дестинации, за што се очекуваат подетални информации наскоро од самите авиокомпании.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …