Во дебарско пронајдена марихуана во вредност од над 500.000 евра

Во дебарско пронајдена марихуана во вредност од над 500.000 евра

Денеска во 01.05 часот на Банишко поле, во близина на граничната линија со Република Албанија во атарот на село Аме, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Блато“ , Регионален центар Запад пронашле 10 поголеми најлонски пакувања со марихуана.

Извршен бил увид и било констатирано дека во пакувањата има марихуана со вкупна тежина од околу 200 килограми, со вредност од над 500.000 евра.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …