Започна официјалната посета на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда

Започна официјалната посета на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Полска, европската интеграција на земјава во Европската Унија, како и состојбите во поширокиот регион и Европа.

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција.

За време на официјалната посета, претседателот Дуда е придружуван од неговата сопруга, Агата Корнхаузер-Дуда.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …