Честитка од претседателот Пендаровски по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Северна Македонија, во која се вели:

Драги сограѓани од албанска националност,

Нека ни е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука. Најискрено ви посакувам празникот да го минете, пред сè, во добро здравје, радост и благосостојба.

Унифицирањето на албанската азбука кое се случи пред 113 години во Битола не беше само пресвртен момент во кодифицирањето на албанскиот јазик и негово етаблирање, туку и клучен културен, духовен и национален потфат на албанскиот народ. Оттука, 22 Ноември има суштинско значење за Албанците и не е само нивен национален празник, туку датум кој со пиетет го чествуваат сите граѓани во нашата мултикултурна и мултиетничка Република Северна Македонија.

Почитувани сограѓани,

Живееме во навистина комплексно и неспокојно време. Токму сега треба да покажеме дека сплотеноста, солидарноста, меѓусебното уважување и почитување, ќе продолжат да бидат наш сигурен бедем пред сите предизвици и тешкотии кои ги живееме. Да не губиме волја и надеж, и да работиме за просперитетот и за благосостојбата на сите наши граѓани.

Честит 22 Ноември.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …