Алтернатива утре ќе одлучува за влез во владата, а СДСМ за оставката на Заев

Алтернатива утре ќе одлучува за влез во владата, а СДСМ за оставката на Заев

Алтернатива за утревечер во 18 часот има закажано седница на Централното претседателство, кое треба да му даде насока на Централното собрание, највисок орган на партијата, кое ќе донесе одлука дали тие ќе станат дел од Владата и парламентарното мнозинство или ќе останат дел од опозицискиот блок.

Владејачката СДСМ, пак, утревечер ќе одржи состанок на Централниот одбор на кој се очекува да се разговара за најавената оставка на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.

Двете седници на раководствата, и на Алтернатива и на СДСМ, беа одложени поради катастрофалната сообраќајна несреќа на македонски автобус во Бугарија во која загинаа 45 луѓе, по што беше прогласена тридневна жалост.

Минатата недела имаше средба меѓу Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши на која беше официјализиран предлогот Алтернатива да биде дел од владината коалиција, заради зголемување на владиното мнозинство.

Пратениците на Алтернатива беа потписници на иницијативата за недоверба на Владата, но откако Кастриот Реџепи од Беса не дојде на седницата пропадна овој обид на опозициските партии. Сега, и владејачкото мнозинство и опозицијата имаат по 60 пратеници и никој нема мнозинство.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …