Папата Франциск повика да престане насилството врз жените

Папата Франциск повика да престане насилството врз жените

Да прекине насилството врз жените, тоа е навреда за Бога, повика католичкиот поглавар, папата Франциск.

Тој денеска ја пренесе својата новогодишна порака за време на мисата во базиликата Свети Петар во Ватикан.

Учеството на мисата беше ограничено поради ковид-ограничувањата.
За време на телевизиска програма минатиот месец, папата рече дека мажите кои вршат насилство врз жените се впуштаат во нешто „речиси сатанско“.

Од почетокот на пандемијата, папата Франциско неколку пати зборуваше против семејното насилство, кое се зголеми низ целиот свет за време на затворањата на земјите за време на пандемијата, со што жени беа оставени во ограничен простор со насилници.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …