СДСМ

СДСМ: Апелираме за ефикасна истрага и завршница на процесите против сите поранешни и актуелни политичари

Соопштение за јавност на СДСМ

Поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ пред суд признаа дека постапувале противзаконски, правеле изборни нерегуларности и незаконски финансирале кампањи.

Со ова нивно признание се потврдува дека сите изборни процеси организирани од ВМРО-ДПМНЕ се нерегуларни.

По ваквите сведоштва, Христијан Мицкоски како некогашна десна рака на Груевски да поднесе оставка заедно со целото раководство на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија, Мицкоски е опкружен со блиските луѓе на Груевски како Игор Јанушев, Александар Николоски, Антонијо Милошоски.

Апелираме за ефикасна истрага и завршница на процесите против сите поранешни и актуелни политичари, без разлика дали се на власт или во опозиција.

Правдата мора да надвладее, пред законите сите мора да се еднакви.

Прочитајте повеќе

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р …