Влада

Влада: Испратени измените на законите за ДДВ и акцизи до Собрание, пратениците да ги поддржат

Владата на Република Северна Македонија денеска до Собранието ги испрати измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност и на Законот за акцизи.

Во дописот од Владата се наведува дека овие измени и дополнувања треба да бидат донесени во итна собраниска постапка, за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

Овие Закони се однесуваат на повеќе мерки, како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5% на 0%. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца.

Мерките за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенси и за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на енергенси се исто така опфатени, како и мерката за намалување на акцизата согласно берзанските цени. Со овие закони ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата.

Од седницата на Владата, на којашто се утврдени овие измени, е упатен апел до пратениците веднаш да ги усвојат, за да се обезбеди брза имплементација на вчера донесените мерки за заштита на животен стандард и ликвидност на компаниите.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …