Директорката на градинката „Детска радост“ од општина Гази Баба, вратена на работа

Директорката на градинката „Детска радост“ од општина Гази Баба, вратена на работа

По укажување на Министерството за труд и социјална политика за постоење материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја врати на работа директорката Анета Петреска.

Со ова се потврди дека нејзиното разрешување било незаконско, со бројни прекршувања на постапките од страна на градоначалникот Стефковски, она за што јавно говореше и СДСМ.

„Ја поздравуваме брзата и ефикасна реакција на надлежните институции, времето на градоначалници – шерифи кои незаконски отпуштаат и деградираат луѓе од работни позиции, исклучиво заради партиски интереси е завршено“, изјавија од СДСМ.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …