Влада

Редовна 44 седница на Владата

Владата денеска ќе ја одржи редовната 44 седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од програмата за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја разгледува Информацијата за олеснување на критериумите за кредитната линија од средствата на Развојна банка на Северна Македонија за поддршка на претпријатија со дејност од областа на земјоделството со цел зголемување на производството на земјоделските производи и нивните преработки.

Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се разгледува и Годишниот извештај за работа на Националниот координативен центар за гранично управување изготвен од Центарот.

Седницата започнува во 12:30 часот,

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …