Нобеловецот Пол Кругман на крајот од мај доаѓа во Скопје на Економскиот и финансиски форум

Нобеловецот Пол Кругман на крајот од мај доаѓа во Скопје на Економскиот и финансиски форум

Американскиот професор, економист и автор Пол Кругман, лауреат на Нобеловата награда, доаѓа во Скопје на годинешната конференција на Економскиот и финансискиот форум што ќе се одржи на 30 и 31 мај. Кругман ќе има свое 30-минутно обраќање на отворањето на годинешната платформа за дијалог на економски и финансиски теми, која минатата година ја иницира Министерството за финансии на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за финансии.

Нобеловата награда за економија Кругман ја доби во 2008 година за истражувањето кое ги редефинира постојните теории за меѓународната трговија и економска географија и ги преориентира натамошните истражувања на овие теми. Покажувајќи ги ефектите на економиите на обем врз трговските модели и врз локацијата на економската активност, тој поставува нов модел на меѓународна трговија.

Годинешната, втора конференција на СЕФФ ќе се одржи на 30 и 31 мај 2022 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, а ја обработува темата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.

Покрај Кругман, меѓу потврдените учесници се повеќе други истакнати економисти, високи претставници на меѓународни финансиски институции, министри за финансии, гувернери, кои ќе ги образложат своите гледишта и ќе дебатираат на еден од осумте панели на #СЕФФ2022.

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …