Борис Џонсон останува премиер

Борис Џонсон останува премиер

На британскиот премиер Борис Џонсон синоќа не му беше изгласана недоверба, по скандалот со организирање забави во карантин воведен за време на пандемијата на коронавирусот. За Џонсон гласаа 211 од 359 конзервативни пратеници. Доколку му се изгласаше недоверба, тој ќе беше сменет од функциите партиски лидер и премиер. Постапката за прогласување доверба започна откако беа испратени доволен број писма од пратениците на Конзервативната партија. Гласањето се отвора доколку побараат најмалку 54 пратеници од ториевците.

Британските пратеници наредија парламентарна истрага против Џонсон за наводно лажење

Џонсон со месеци е во центарот на „етички скандали“, најмногу поради забавите што се одржуваа во владините згради, додека беа на сила мерките против ковид-19. Поддршката меѓу неговите колеги конзервативци е ослабена, бидејќи некои сметаат дека лидерот на партијата нема да им биде предност на изборите. Без јасен кандидат кој би можел да го замени на чело на партијата, ваквиот исход од гласањето беше очекуван.

Прочитајте повеќе

Иранскиот претседател и министерот за надворешни работи загинаа во хеликоптерска несреќа

Иранскиот претседател и министерот за надворешни работи загинаа во хеликоптерска несреќа

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговите придружници, вклучително и министерот за надворешни работи Хосеин Амир …