Општина Крушево: Потпишана Декларација за поддршка на женското претприемништво

Општина Крушево: Потпишана Декларација за поддршка на женското претприемништво

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски денес потпиша Декларација за поддршка на Национална платформа за женско претприемништво.

„Во буџетот за 2022 година предвидовме средства за активности кои се однесуваат на еднакви можности за мажите и жените, а еве денес потпишуваме и Декларација како поддршка на Националната платформа за женско претприемништво. Еднаквоста се гради со вклучување, искрен пристап и желба за постигнување резултати“, изјави градоначалникот Христоски по потпишувањето на Декларацијата.

Платформата предвидува зајакнување на капацитетите на граѓанските организации со цел креирање политика, застапување и соработка со националните и локалните власти и формирање на локални клубови за женско претприемништво, како и промовирање на квалитетни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и активно промовирање на позитивните примери за овозможување родова еднаквост.

На средбата присуствуваа и претставници од здружението ЛАГ Агро лидер, како и координаторката на комисијата за еднакви можности на мажите и жените.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …