Стоп Полиција

СВР Битола: Санкционирани 58 возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 58 возачи.

Од нив, 34 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од СВР Битола апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што ќе се даде заеднички придонес за поголема безбедност на патиштата.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …