Македонката што преживеа судир

Македонката што преживеа судир со стадо диви свињи во Грција е отпуштена од болница

Жена од Северна Македонија која во понеделникот преживеа сообраќајна несреќа со смртни последици во Грција, во која учествувале три автомобили и стадо диви свињи, е отпуштена од Општата болница во Килкис (Кукуш), јави грчкиот портал eidisis.gr , предупредувајќи дека патиштата во Грција се опасни, особено во викендите, кога драстично е зголемен сообраќајот на патните правци ПАТЕ и Промахон-Килкис-Солун поради туристите на кои најчесто им се брза.

Во меѓувреме, во тек е прелиминарна истрага од страна на Сообраќајната полиција од Килкис за околностите на тројната сообраќајна несреќа кај Кукуш.

Според досегашните информации до несреќата дошло кога патролно возило управувано од 42-годишен полицаец со двајца негови колеги 44 и 36 години налетале на стадо диви свињи кое поминувало и тоа излетало од патот.

Потоа, возило управувано од 56-годишен странец, државјанин на Македонија со 50-годишна сопатничка, налетало на истото стадо и се превртело во соседната нива.

Следел уште еден судар со службеното возило при што 53-годишен локален возач и 48-годишен сопатник загинале.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Самит за Планот на ЕУ за раст за Западен Балкан

Самит за Планот на ЕУ за раст за Западен Балкан

На самитот во Котор под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ , лидерите на земјите од …