Полициски хеликоптер од утринава го гасне пожарот во околината на Берово

Полициски хеликоптер од утринава го гасне пожарот во околината на Берово

Еден полициски хеликоптер од утринава интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион, а авионот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе пристигне околу 10 часот, изјави утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Во моментов на терен меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на ЈП Национални шуми од подружницата на Берово. Пристигнуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица и Тетово, а командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски рече дека до сега е спречено огнот да се шири кон боровата шума.

Првично беа зафатени околу 50 хектари високостеблеста шума, во непристапен планински предел. Од Општина Берово упатија апел до населението, посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатат доброволци за побрзо гаснење на истиот, со цел да не прерасне во големина каква што имаше минатата година.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …