Мон

МОН: студентите имаат можност да учествуваат во екстерната евалуација на високообразовни институции и студиски програми во Република Северна Македонија

Министерството за образование и наука и Агенцијата за квалитет на високото образование ги вклучуваат студентите во процесот на евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Република Северна Македонија. За таа цел, објавен е конкурс за пријавување на заинтересирани студенти за учество во оваа постапка.

Секој апликант треба да исполнува неколку услови, односно да е државјанин на Република Северна Македонија, да има статус на редовен студент на прв, втор или трет циклус на студии во земјата, да има претходно искуство во евалуација на високообразовни институции во земјата или странство и да има познавање на англискиот јазик.

Пријавувањето се врши со пополнување на Образец, кој може да се најде на веб страната на Агенцијата за квалитет на високото образование, на следниот линк: http://akvo.mk/docs/konkursi/Образец%20за%20пријавување%20-%20студенти.docx и потоа истиот, потпишан и скениран се доставува на следните електронски адреси cvete.stefanovska@tfb.uklo.edu.mk и vlado.gicev@ugd.edu.mk. Крајниот рок за пријавување е 18.9.2022 година.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …