Контролер за плејстејшн

„Плејстејшн“ тужен за 5 милијарди фунти во Велика Британија поради прескапи игри

„Сони Плејстејшн“ се соочува со тужба од 5 милијарди фунти во Велика Британија поради обвиненијата дека ги оштетила клиентите со прескапи видео игри и со дополнителните трошоци за време на играњето, пренесе „Би-би-си“.

Во покренатата правна постапка се тврди дека „Плејстејшн“ го прекршил законот за конкуренција, наметнувајќи нефер услови за развивачите и издавачите на видео игрите, но и преку зголемувањето на цените на игрите.

Во обвинението се вели дека поради зголемувањето на цените, потрошувачите несвесно ги „натплатиле“ видео игрите за сума од вкупно 5 милијарди фунти во последните шест години. Штетата по поединец, во барањето е проценета на помеѓу 67 и 562 фунти и се однесува на секој клиент кој купил дигитални игри или дополнителна содржина преку конзолата на „Сони“ или преку „Плејстејшн Стор“ од август 2016 година.

Со покренатата правна постапка би можеле да бидат компензирани речиси девет милиони гејмери во Обединетото Кралство.

„Би-би-си“ пишува дека ова не е прв случај кој покренува загриженост за провизијата наметната од страна на дигиталните платформи околу пристапот до содржините. Слични постапки во други земји се покренати и против „Епл“ и „Гугл“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

deepfake

Deepfake – лажни видеа направени со вештачка интелигенција за кои треба да бидеме загрижени

Мислите дека го гледате претседателот на Украина Володимир Зеленски како зборува и им кажува на …