За викендот променливо, од понеделник стабилизирање на времето

За викендот променливо, од понеделник стабилизирање на времето

Денеска ќе преовладува сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне особено на северозапад ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со услови за пороен дожд и грмежи.

Утре попладне и во вечерните часови особено во северните и источните делови ќе има локална појава на нестабилна облачност со повремено пороен дожд и грмежи, а во недела условите за нестабилност ќе се намалат. Во понеделник ќе биде ветровито со засилен северозападен ветер и ќе започне период на постабилно време. Температурата ќе се движи во интервалот од 23 до 31 степен Целзиусов.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …