Средба на претседателот Пендаровски со пратеници од Европскиот Парламент

Средба на претседателот Пендаровски со пратеници од Европскиот Парламент

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими европратениците, Тинеке Стрик и Рајнхард Бутикофер, претставници од Зелените/Групата на Европска Слободна Алијанса, од Европскиот Парламент.

На средбата беше разговарано за текот на евроинтеграциите на Северна Македонија од аспект на скрининг процесот, реформските активности што ги презема земјава и прилагодување со европското законодавство, како и за актуелните случувања во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски истакна дека е неопходно да се посвети посебно внимание на реформите во областа на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, и изрази очекување дека европските институции ќе дадат максимална поддршка и ќе го забрзаат процесот на пристапување на Северна Македонија со што ќе се овозможи земјава да ги почувствува конкретните придобивки во текот на преговорите.

На средбата со европратениците, претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната поддршка од  Зелените/Групата на Европска Слободна Алијанса, и посочи дека земјава е отворена за натамошна соработка.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …