Средба на претседателот Пендаровски со романскиот претседател Клаус Јоханис

Средба на претседателот Пендаровски со романскиот претседател Клаус Јоханис

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на маргините на 5. издание на Парискиот мировен форум, оствари средба со претседателот на Романија, Клаус Јоханис.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Романија, што се карактеризираат со конструктивен и отворен политички дијалог, базирани на пријателство и меѓусебна почит.

Двајцата претседатели разговараа за европската перспектива и за актуелностите во процесот на македонската евроинтеграција. Претседателот Пендаровски упати благодарност за романската поддршка и истакна дека Северна Македонија останува посветена на европскиот пат и остварувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија.

Двајцата претседатели разговараа и за случувањата во регионот во однос на руската инвазија врз Украина, како и влијанијата врз поширокото соседство, при што истакнаа дека двете држави, како членки на НАТО, демонстрираат единство и меѓусебна соработка.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …