Премиерот Спасовски и владина делегација на Самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон

Премиерот Спасовски и владина делегација на Самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски денеска заминува за Лондон, Обединетото Кралство, каде што ќе ја предводи делегацијата на Владата во која е и министерката за финансии, Нина Ангеловска и министерот за економија, Крешник Бектеши, на Инвестицискиот самит на Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан.

Самитот, кој ќе се одржи утре и со кој ќе претседаваат Сума Чакрабарти, претседател на ЕБОР и Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, како земја претседавач со ЕУ, има за цел да ги утврди најзначајните проекти на земјите членки на Западен Балкан од регионално значење кои во претстојниот период можат да очекуваат поддршка за реализација од ЕБОР.

Во агендата на посетата на делегацијата на Владата на Северна Македонија е предвидена и билатерална средба на премиерот Оливер Спасовски со претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …