Автомобили

АСО смета дека поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување не е оправдано, бара ограничување на цените

Агенцијата за супервизија на осигурување направила пресметки за проверка, при што било утврдено дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) соопшти дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

Од таму велат дека по добиени известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената, направиле актуарски пресметки за проверка, при што било утврдено дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Агенцијата доставила и предлог до Министерството за финансии да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност и со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток. Со ова би се овозможило намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за возилата под 44 киловати останува иста, како што одредило Националното биро за осигурување. Цените се поскапени за 15,4 отсто.

Конкретно, ова значи дека сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 киловати ќе плаќаат 6.292 денари наместо 5.453 денари, односно 839 денари повеќе.

Осигурувањето за возилата со мотор од 55 до 65 киловати, пак, се зголемува од 6.166 на 7.116 денари. За колите со моќност од 66 до 84 киловати цената на осигурувањето се зголемува од 7.133 денари на 8.233 денари, а од 8.510 денари на 9.821 денари е поскапено осигурувањето за колите со моќност од 84 до 110 киловати.

Осигурувањето за возилата со мотор над 110 киловати сега ќе изнесува 11.879 денари, а досега изнесуваше 10.294 денари.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …