Заев: Можеше да има побрза правда, ако на судиите им давав наредби по телефон

Заев: Можеше да има побрза правда, ако на судиите им давав наредби по телефон

„Очекуваме ефикасно и транспарентно судство, делење на еднаква правда. Очекуваме предметите да не застаруваат, да не се враќаат на почеток и да не се чуваат во фиоки. Законите се јасни. Ние не можеме да судиме или да влијаеме врз судството, но можеме да посочиме и да покажеме со прст каде се слабостите. И тоа го кажуваме“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за целта и очекувањата од маршот „Чекориме за мир“, кој на почетокот на оваа недела се одржа во Скопје.

Заев нагласи дека заради малиот број непрофесионалци или корумпирани судии, страдаат огромен број на професионалци и чесни судии и обвинители. Тој потенцираше дека доколку на судиите и обвинителите им давал наредби, тогаш постоела можност за побрза правда и побрзо изрекување на пресуди.

„Ја испраќаме пораката дека сите ќе бидеме гласни, без разлика дали сме власт или опозиција, затоа што секој мора да ја завршува својата обврска. Горчината која што се јавува кај нашиот народ, уште еднаш потврдува дека од сите теми кои се секојдневна преокупација на граѓаните, делењето правда е многу важна за сите. Затоа што сите очекуваат да ја добијат пораката: да не се повтори никогаш повеќе! Односно казнувањето е токму тоа – друг да не прави кривични дела или да ги крши законите. И уште еднаш ќе повторам: можеше веројатно да има побрза правда, можеше побрзо да се носат пресуди, можеше многу луѓе да бидат во затвор ако Заев дигаше телефон и им даваше наредби на судиите и обвинителите. Оти луѓето велат, ‘каде се тие што требаше да бидат во затвор?’. Ама јас се борев заедно со народот против тоа! Ниту сакам, ниту треба, ниту некој во иднина треба да си дозволи таква работа. Но тоа не значи дека судиите треба да прават се’ што сакаат и се’ што можат, вклучително и тоа да застаруваат предмети, или да ги враќаат од почеток, или пак предметите воопшто да не ги отвораат“, нагласи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …