ААВМУ: Радиодифузерите да ја прилагодат програмата за деновите на жалост

ААВМУ: Радиодифузерите да ја прилагодат програмата за деновите на жалост

Поради деновите на жалост, денеска и утре, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), упати препораки за радиодифузерите за соодветно емитување програма.

„Емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи за други денови од седмицата. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие два дена да не се емитува рекламирање“, порача ААВМУ во насоките дадени по вчерашната тешка автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово близу селото Ласкарци, која однесе 14 животи.

Истовремено, како што посочува радиодифузниот регулатор, Јавниот радиодифузен сервис и радиостаниците коишто доброволно пријавиле дека ќе емитуваат одреден процент домашна музика од македонски автори и автори од етничките заедници, во двата дена на жалост, денеска и утре, се ослободуваат од оваа обврска.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …